Меч за кој вреди да се чека цела сезона – Мајсторката одлучува за новиот првак во НХЛ

Бостон бруинс – Сент Луис блус (НХЛ, финале, 02 часот)

Драмата на мразот за пехарот во престижниот Стенли куп ќе заврши ноќеска со седмиот меч, кој ќе одлучи дали Бостон по седми пат ќе го донесе трофејот во НХЛ во своите витрини или Сент Луис за првпат ќе го слави големиот успех во четвртото финале во клупската историја.

Бостон има искусна екипа, супер квалитетен прв напад, одличен голман, а ќе игра и легендарниот дефанзивец Здено Чара. Публиката ќе направи пеколна амтосфера, како што му доликува на финалниот меч во финална серија за пехарот. Бруинс двапати го декласираше Сент Луис на гостински терен со 7:2 и 5:1, но и двапати загуби во Бостон Гарден од три меча што ги играше дома во серијата за титула.

Им доаѓа најопасниот гостин во НХЛ, а Сент Луис има биланс од 9 победи и три порази во плејофот што е неверојатен податок.

Гостите имаат помлад состав, полетен што го предводи Џејден Шварц, нивниот најдобар стрелец во плејофот со 12 голови. Клучен човек сепак е Владимир Тарасенко, вистински претставник на руската школа на хокејот и голманот дебитант Џордан Бинингтон. Ако тој брани како што го правеше тоа во голем дел од плејофот и ако Тарасенко биде ефикасен во негов препознатлив стил, Сент Луис има големи шанси за првпат да го освои пехарот.

Гостите треба, пред сè, да внимаваат на исклучувањата бидејќи Маршан, Пастрнак, Круг и Бержерон немилосрдно ја казнуваа играта со хокејар повеќе, односно популарниот „пауер плеј“.

Бостон има постигнато 7 гола повеќе од Сент Луис во досегашните шест меча, ќе игра на свој терен, па има предност и е фаворит во 20-тото јубилејно финале да стигне до седмиот пехар во НХЛ.

Предлог тип: 1 (2.15) Супер тип Sportlife

 

Сантос – Коринтијанс (Бразил, Серија А, 02.30 часот)

Големото дерби на Сао Паоло секогаш има посебен шарм, без разлика на формата на двете екипи. Сантос под команда на Сампаоли игра одлично и по 8 одиграни натпревари во најсилната бразилска лига, се наоѓа на втората позиција со 17 бода, два помалку од лидерот Палмеирас.

Опасниот Едуардо е меѓу најдобрите стрелци во лигата и тој ќе биде главна закана за Валтер. На „Вила Белмиро“, домот на Сантос, осумкратниот бразилски првак има 7 победи на последните 8 меѓусебни дуели со Коринтијанс, што упатува на потполна доминација на „црно-белите“ кога играат пред своја публика против големиот ривал.

Коринтијанс го има истиот тренер, Фабио Кариле, кој ги предводеше популарните „Тимао“ до последната седма титула во 2017 година, но тимот не е ист и е далеку од тогашната форма. Имаат 12 бода, пет помалку од Сантос, и ќе се обидат да ја пребродат лошата традиција кога му гостуваат на градскиот ривал.

Годинава двата состави играа меѓусебе во Паулиста, а Коринтијанс го доби финалето, иако загуби на „Вила Белмиро“ со 0:2.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

ЦСА – Фламенго (Бразил, Серија А, 02.30 часот)

Фламенго нема пораз, откако Жорге Жезус пристигна на кормилото на петкратниот првак, а ноќеска ќе се обиде и по четвртипат да најде рецепт за успех.

Фламенго има амбиции да бие битка за титулата, а сега има шанса против скромниот состав на Центро Спортиво Алагоано со победа да се искачи некоја позиција погоре од петтото место на кое се наоѓа во моментов со 14 бода по 8 натпревари.

Младиот Габриел, кој беше член на Бенфика и Жезус го ангажира како засилување од Сантош е прв стрелец во Лигата со 4 гола, заедно со поранешниот играч на Волфсбург, Бруно Енрике и од нив двајца се очекува да продолжат со голови и ноќеска.

ЦСА по цели 33 години се врати во елитата, но не игра добро, постигна само 3 гола и е во долниот дел на табелата. Фламенго по сите параметри е голем фаворит и типуваме дека ќе победи.

Предлог тип: 2&Т2 (1.55)

 

Интернасионал – Бахија (Бразил, Серија А, 02.30 часот)

Интернасионал чека титула цели 40 години, а и сезонава тешко ќе стигне до врвот во обид да се сошие четвртата шампионска ѕвездичка.

Тимот има дури 45 титули во својата држава во таканарешниот Гаучо-шампионат и има огромно реноме во бразилскиот фудбал.

И Бахија има солидно реноме, двапати беше првак на Бразил, но титулите, како и на Интернасионал, се од минатиот век. Главна ѕвезда во тимот им е напаѓачот Фернандао, кој играше за Фенербахче и од него очекуваат да го предводи тимот до успех на гостувањето во Порто Алегре.

Интернасионал ги доби последните два меча на домашен терен против Бахија со по 2:0 и ќе типуваме дека ќе наниже хет-трик.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Ботафого РЈ – Гремио (Бразил Серија А, 00.15 часот)

Ботафого игра одлично на стартот од сезоната и ако го победи Гремио, ќе остане во битката за врвот. Имаат добра серија и се непоразени дома на 10 од последните 11 натпревари.

Гремио почна лошо, но ја поправи формата и со две победи на последните три меча побегна од дното на табелата, но сè уште игра прескромно како гостин и има низа од пет меча без победа.

Интересно е што тие се фаворити според коефициентите против подобропласираниот Ботафого, иако пет години немаат триумф кога му гостуваат на овој ривал во Рио де Жанеиро.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.74)

 

- Оглас -

Најнови вести