Слатки цреши за шампионот – Манчестер сити деветти пат по ред го победи Борнмут

Серхио Агуеро со два гола го предводеше шампионот Манчестер сити до нова победа во Премиерлигата, а денеска повторно деветти пат по ред надигран е Борнмут.

Манчестер сити го има Кевин Де Брајне, играч што денеска стаса до 50 асистенции во Премиерлигата, најбрзо од сите во историјата на Лигата во само 123 натпревари. Го мина Месут Озил мој стаса до јубилејот во 141 меч, а до врвот и рекордот Белгиецот дојде сосема случајно.

Во 15. минута го промаши фудбалот, топката му се одби од ногата и дојде до најдобриот стрелец во историјата на Премиерлигата Кун Агуеро. Аргентинецот такви шанси не пропушта, Сити поведе, а Кун стана само шестиот фудбалер во англиското првенство со над 70 голови на гостински терен.

https://www.youtube.com/watch?v=rWmHNrPO-Qo

Потоа на сцена стапи славеникот Давид Силва, кој денеска го одигра 400. меч во дресот на шампионот и стана само 14. играч на Сити што стасал до оваа граница. Шпанецот си прослави со две асистенции, првата во 43. минута до Рахим Стерлинг, кој го постигна шестиот гол во четири меча на почетокот на сезоната, а потоа и до Агуеро.

https://www.youtube.com/watch?v=KoKYyNrW09I

Во меѓувреме се случи и нанјубавиот момент на мечот, во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме. Хари Вилсон постигна прекрасен гол од слободен удар за Борнмут, во тој момент за 1:2.

https://www.youtube.com/watch?v=ruow1pFrdDY

- Оглас -

Најнови вести