Медиумите во Австралија се сомневаат во повредата на Новак

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија каде го чека дуелот со домашниот енисер Алекс де Минор, но тој во центарот на вниманието се наоѓа поради повредата која го мачи и поради која секој негов меч е под знак на прашање.

Ѓоковиќ поради повреда на ногата, речиси и да не тренира во Мелбурн, а на мечевите често бара медицински тајм-аут за да добие масажа и лекови против болка.

Во првото коло и дуелот со Роберто Карбалјес Баено не беа толку очиглени неговите проблеми, но, на мечевите со Енцо Куоко и Григор Димитров во второто и третото коло, Новак често бараше помош од физиотерапевт.

Но, медиумите во Австралија се сомневаат во повредата на Ѓоковиќ.
„Додека мистериозната повреда на Новак Ѓоковиќ и понатаму ги збунува сите, неговиот ривал во четвртото коло, Алекс де Минор, планира да открие дали фаворитот на Австралија опен лаже дека е повреден или не“, пишува весникот „Хералд Сан“.
Новинарот смета дека има луѓе што мислат дека Новак се обидува да ги измами противниците.

„Без разлика дали Новак Ѓоковиќ навистина е повреден или не, Демонот (прекарот на Де Минор) не е фаворит. Неговата шанса за победа е да ја искористи наводната повреда на Ѓоковиќ и да го натера да трча повеќе“, пишува „Хералд сан“.

И германските медиуми се прашуваат дали повредата на Ѓоковиќ е вистинска или не.
„Големи болки или големо шоу“, се прашува германската новинска агенција, ДПА.
„И пред дуелот со Алекс де Минор, речиси сите се прашуваат колку е тешка повредата на главниот фаворит за триумф, или пак можеби глуми“, пишува ДПА.

Ѓоковиќ по победата над Димитров во третото коло, пак изјави дека игра со болки.
„Се молам ништо да не се случи, но во секој меч имам проблеми. Масажите и таблетите против болки не се идеално решение, но…“, рече Новак.

 

- Оглас -

Најнови вести