Мегабомба: баражот Италија – Македонија може ќе се игра на неутрален терен!

Италијанските медиуми објавија сензационална вест дека поради таканаречениот супер „green pass“, дуелот од баражот за фудбалскиот Мундијал помеѓу Италија и Македонија можеби нема да се игра во Палермо, туку некаде на неутрален терен.

Според информациите на италијанските медиуми, многу од македонските репрезентативци се вакцинирани со руската вакцина „Спутник“, која не е призната во Европската Унија, па постои ризик мечот да се игра на неутрален терен, што за Македонија е поволна варијанта.

Но, се спомнува и една крајно негативна екстремна варијанта, а тоа е нашата селекција да загуби службено и да биде исклучена од ФИФА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести