Мега скандал: Слики од разголени Диего Коста и Габриел Жезус со иста жена, најдени во Библија! (Фото)

Напаѓачите на Атлетико Мадрид и Манчестер сити, Диего Коста односно Габриел Жезус, се најдоа во епицентарот на скандал кој го објавија британските медиуми, откако беа најдени нивни интимни фотографии и во една света книга Библија која била на продажба во хуманитарна продавница.

На сликите, фудбалерите се голи од половината нагоре, а друштво во кревет им прави иста девојка од латино потекло. Најверојатно фотографиите не се направени истиот ден, но девојката била интимна со двајцата.

Библијата во продавницата во Лондон ја донела една латино девојка и тоа уште во мај, со објаснување дека еден нејзин пријател, сака да се ослободи од „некои работи“, и сега веќе е јасно дека мислела на фотографиите. По пронаоѓањето на сликите минатата недела, фудбалерите веднаш беа препознати и се најдоа во јавноста.

Овој скандал повеќе ќе му наштети на 32-годишниот Коста кој е оженет и има две ќерки, додека Габриел е слободен во моментов.

Се шпекулира дека фотографиите се направени во времето кога Диего играше за Челзи, од 2014 до 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести