По неколкудневна пауза поради олстар-викендот во Индијанаполис, од вечерва продолжуваат настапите во НБА-лигата и Sport Life подготви мегапонуда за своите играчи. Вечерва ќе се играат вкупно 12 натпревари, за кои има по 152 и 154 игри за обложување.
Се очекува да биде возбудливо во Филаделфија, каде што од еден часот по полноќ сиксерси го пречекуваат Њујорк никс, а половина час подоцна ќе започне еден од дерби-дуелите на вечерта меѓу Далас маверикс и Феникс санс.
Дончиќ и соиграчите загубија на последните три меѓусебни дуела со Феникс, а со оглед на ривалството кое се создаде во последните неколку години, сигурно е дека Далас ќе направи сè што е во негова моќ за да ја прекине серијата порази.
Големи возбудувања треба да има и на пресметката меѓу најдобрите екипи во Западната конференција, Оклахома сити тандерс – ЛА клиперс и според квотите, домашниот тим е фаворит (1.82).
Еден од најинтересните натпревари на вечерта ќе биде тој меѓу Голден стејт вориорс и ЛА лејкерс и ќе претставува дуел меѓу Стеф Кари и Леброн Џејмс.
Фантастична е понудата на Sport Life и за популарната игра „плус-минус“ поени бидејќи изборот е огромен, дури 152-ца кошаркари се во понудата. Комплетната понуда на Sport Life може да ја погледнете ТУКА.