Мегваер го најде виновникот за поразот од Франција: Не можам да опишам колку беше лош

Англија ќе сонува уште за „да го врати мундијалскиот трофеј дома“, освоен во далечната 1966 година. Гордиот Албион загуби со 2:1 од Франција во четвртфиналето на СП во Катар, а според дефанзивецот Хари Мегваер, главен виновник за поразот е судијата Вилтон Сампаио од Бразил.

„Навистина слабо. Многу слабо. Од првата минута, пет-шест фаули во првите 15 минути и ниту еден жолт картон. Според мене имаше фаул над Букајо Сака за првиот гол. Не можам да објаснам колку неговото судење беше лошо“, рече Мегваер по поразот од Франција.

Бразилскиот судија кој се најде на мета на Мегваер досуди два пенали во корист на Англија, а Хари Кеј го реализираше првиот удар од белата точка, додека вториот пат шутираше над голот, кога пропушти шанса да израмни на 2:2 во 84 минута.

- Оглас -

Најнови вести