Мегваер: Тен Хаг ми рече дека сум врвен дефанзивец!

Централниот дефанзивец и капитен на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, кажа дека со менаџерот Ерик тен Хаг има коректен однос и дека Холанѓанецот му верувал.

„Тој искрено ми кажува дека верува во мене, но тоа е фудбалот, тоа е Манчестер јунајтед. Сакаме да освојуваме важни трофеи, а тоа бара конкуренција во тимот. Тренерот разговара со мене секој ден, навистина ме почитува и мисли дека сум топ централен дефанзивец со сите карактеристики неопходни за да играм за тимот. Но, тој, а и јас, исто така разбираме и дека оние кои сега се на терен играат многу добро“, вели Мегваер, кој во финалето на Карабао Лига купот влезе во 88-мата минута.

Случајно или не, тимот од Манчестер има многу подобри резултати со Мегваер на клупа отколку со него на терен, па играчот за кого во 2019 година се платија дури 80 милиони фунти, уште некое време ќе грее клупа.

- Оглас -

Најнови вести