Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер не успеа да го победи јутјуберот Логан Пол во егзибициски меч одржан на стадионот „Хард Род“ во Мајами.
Борбата беше договорена да трае осум рунди, без бодувања од судиите, но нокаутите беа дозволени. Противникот кој воопшто не е боксер, успеа да ги издржи сите осум рунди против Мејведер, кој никогаш во кариерата не бил поразен.
SHOWTIME 💰 💰@FloydMayweather rolling up to the ring. #MayweatherPaul pic.twitter.com/t4zg7HofOD
— SHOWTIME Boxing (@ShowtimeBoxing) June 7, 2021
Двајцата боксери вкупно зададоа 73 удари, а поголем дел од нив беа во главата и телото на Пол, кој сепак се покажа како издржлив. Јутјуберот во првите неколку рунди се обиде да нападне, но кога сфати дека нема да може лесно да го погоди легендарниот Мејведер, се одлучи на дефанзивен стил на бокс и да успее да ги издржи сите осум рунди, во што и успеа.
„Не сакам веќе никој да ми каже дека има нешто што е невозможно. Фактот дека сум тука, покрај најдобриот на сите времиња, тоа го докажува. Ми беше чест“, рече Пол по борбата.
I still can’t believe that people really paid actual money to watch this. #MayweatherPaul https://t.co/SstmTqYkBi
— Wirjil (@Wirjil) June 7, 2021
Мејведер има 44 години, а последниот вистински меч го имаше во 2017 година, кога во рингот го нокаутираше легендарниот УФЦ борец Конор Мекрегор. Тоа беше негов 50-ти меч во кариерата и стигна до 50-тата победа.
„Беше забавно. Мора да сфатите дека веќе немам 21 година, а и противникот беше поиздржлив отколку што мислев“, рече Мејведер по борбата.