Мекрегор нема да се бори годинава: Се жали дека не му даваат да заработува за живот, а одбива да се тестира на допинг

Најголемата ММА ѕвезда, Конор Мекрегор, нема да влезе во октагонот и да се бори во 2023 година, но вината за тоа треба да ја бара кај него, објавија медиумите во САД.

Мекрегор не може да се бори оваа година бидејќи го пропушти рокот кој му го зададе Антидопинг агенцијата на САД (УСАДА) да влезе во шестмесечен процес на тестирање против допинг.

Медиумите во САД шпекулираат дека Мекрегор се надевал дека УСАДА ќе направи отстапки во неговиот случај, како што било во минатото, но…

„Дами и господа, не ме пуштаат да се борам во декември. Го видовте Крис Веидмен на УФЦ 292. Замислете каква повреда е тоа. Сега се чувствувам дека ми ги скратуваат средствата за живот, а така се чувствувам веќе неколку години. Нема да се жалам, ниту да потонам. Подготвен сум. Сакав да ме најават за настап на УФЦ 296, кој ќе се одржи на 16 декември. Дадов сè од себе, но такво нешто нема да се случи“, напиша Мекрегор на својот профил на „Твитер“.

- Оглас -

Најнови вести