Легендарниот американски тенисер, Џон Мекинро, го коментираше настапот на Новак Ѓоковиќ во првото коло на Ролан Гарос во кое бранителот на трофејот со 6:4,7:6,6:4 го победи Французинот Ербер.
„Навистина не знам што се случува со него. Дали е во прашање некој проблем од физичка природа, дали е недостаток на мотивација, дали се во прашање годините или нешто надвор од терените му го одвлекува вниманието? но, сега Новак излгеда повеќе како човек“, се пошегува Мекинро, кој често за Ѓоковиќ знаеше да каже дека не е од оваа планета.
Тој смета дека на Ѓоковиќ во овој дел од кариерата не му е неопходен тренер, туку можеби повеќе му треба мотиватор.
„Никој не може да го учи Ѓоковиќ како се игра тенис. Мислам дека сега му е потребен некој кој ќе биде покрај него и кој ќе знае да го мотивира. Тенисерите сега повеќе внимание посветуваат на гранслем-турнирите отколки во моето време“, смета Мекинро.