Мексиканската тенисерка Рената Заразуа се соочи со неочекувани проблеми пред почетокот на Отвореното првенство на Австралија. Заразуа преку социјалните мрежи покажа колку опасно може да биде сонцето во Мелбурн, постирајќи фотографија на која покажува колку ѝ е изгорена кожата на грбот од силното сонце.
Тенисерката не откри како се нашла во оваа непосакувана ситуација, но ќе мора за брзо да ги санира изгорениците за да може да биде целосно подготвена за настап на првиот гранслем-турнир во годината.
„Сонцето во Австралија не е шега“, напиша Заразуа во постот со фотографијата.

Минатата сезона, Мексиканката на Отвореното првенство на САД успеа да ја победи актуелната победничка на Отвореното првенство на Австралија, Медисон Кејс.
Заразуа моментално е на 80-тото место на ВТА-листата.
View this post on Instagram

