25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Менаџерите на Гвардиола имаат убави вести за англискиот првак

Луѓето што ги застапуваат интересите на Пеп Гвардиола имаат начелен договор со Манчестер сити и ако не се случи некакво изненадување, шпанскиот тренер ќе го продолжи договорот со англискиот првак до 2025 година.

Се најавува дека договорот би можелo да биде продолжен до крајот на годинава, а актуелниот што Пеп го има со клубот од Манчестер важи до 2023 година.

Гвардиола е еден од најтрофејните тренери на светот со вкупно 32 пехари во три клуба.

Беше кормилар на Барселона и со Каталонците освои 14 трофеи, меѓу кои и два во Лигата на шампионите.

Успешен беше и во Баерн, а и со нив имаше убава жетва од 7 пехари за 3 години.

Во Манчестер сити е од 2016 година и за шест години, 4 пати беше првак на Англија, а вкупно има 11 титули во различни категории со популарните Граѓани.

Му недостасува само пехарот што кај Манчестер сити и најмногу го посакуваат, тој во Лигата на шампионите, а преклани беа блиску, но го загубија финалето со Челзи.

- Оглас -

Најнови вести