Мерак мечеви за играње Спортска прогноза

Возбудувањата во Лигата на шампионите завршија. Вечерва ќе се комплетира и третото коло од Лигата на Европа, па фокусот повторно ќе биде на мечевите од домашните првенства. Во викенд-понудата од осмото коло на Спортска прогноза има 13 многу интересни мечеви, кои се вистински предизвик за типување.

Освен рурското дерби меѓу Шалке и Борусија Дортмунд, кое треба да биде во фокусот на вниманието, има многу дуели и од останатите лиги. Џенова на Горан Пандев со новиот тренер Тијаго Мота ќе се обиде да стигне до победа против Бреша, додека Милан го чека нов пекол. Росонерите ќе гостуваат на „Олимпико“ против Рома. Во Серија А неизвесност се очекува и на средбата Фиорентина – Лацио.

Ливерпул во минатото коло ја прекина низата победи и одигра 1:1 на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед. Црвените сега се враќаат на свој терен, но повторно ги чека тежок меч против Тотенхем. Лондончани ја вратија самодовербата по убедливата победа од 5:0 против Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите.

Добивките ви се веќе познати, а премијата во секоја рунда е IPhone XS. За една утка Sport Life ќе ве награди со ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 натпревари се добива ваучер од 500 денари. Важно е да не се испушти да се прогнозира во секое коло за да се биде во чекор со најдобрите во Генералниот пласман бидејќи на крајот од сезоната подароци ќе има и за тие со најмногу погодоци во сите одиграни кола.

- Оглас -

Најнови вести