Месец март носи неверојатни фудбалски дербија

Фатете положба во фотелјата покрај телевизорот, бидејќи почнува „месецот на фудбалот“. Само денеска низ Европа има неколку големи дербија, како најава за тоа што ќе се случува во наредниот период.

Денеска на програмата се шпанското дерби Реал Мадрид – Барселона, англиското Тотенхем – Арсенал, италијанското Лацио – Рома, португалското Порто – Бенфика и српското Црвена ѕвезда – Партизан. Почнива и американската МЛС лига. Тука не завршуваат возбудувањата викендов, бидејќи утре има градско дерби Евертон – Ливерпул и италијанско дерби Наполи – Јувентус.

Средината на неделата ќе биде резервирана за реваншите од осминафиналето од Лигата на шампоионите кога ќе ги добиеме првите четири четвртфиналисти.

Идниот викенд е нешто по мирен и единствено големо дерби е Арсенал – Манчестер јунајтед, а потоа следуваат другите четири осминафинални мечеви од ЛШ и ждрепката за четвртфиналето. До крајот на месецов има и градско дерби во Милано.

Фудбалското шоу може да почне!

- Оглас -

Најнови вести