Мешани обложувачки вештини: Да се погодат три фудбали и две кошарки

Андерлехт – Клуб Бриж (20:45ч, четврт-финале, Куп на Белгија)

Андерлехт и на домашен терен е голем аутсајдер во овој дуел против екипата од Брисел. Секако, тоа е така затоа што Бриж е лидер во шампионатот, а Андерлехт се мачи на средина од табелата. Воедно, Бриж е непоразен во последните пет меѓусебни дуели против Андерлехт, издвои четири победи и едно реми.

Во куп-натпреварувањето Бриж и Андерлехт последен пат се сретнаа во 2015 година, и тоа во самото финале, кое го доби Бриж со 2-1. Нивните средби секогаш се зачинети со голови, па нека биде така и во овој елиминациски дуел.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.12)

 

Камбур – Феенорд (20:45ч, Куп на Холандија)

Феенорд би требало без многу мака да ја помине раната фаза од Холандскиот куп. Второлигашот Камбур би требало да биде лесен залак за гигантот од Ротердам, всушност нивните средби не би се случиле ако не е ова натпреварување.

Од 1998 година, па досега, Феенорд ги доби сите 10 куп-дуели против Камбур во која било фаза од натпреварувањето, а последен пат се сретнаа во 2016 година, меч во кој Феенорд славеше со 3-1. Се очекува убедлив триумф на гостите, особено што имаат огромна самодоверба по победата во дербито против ПСВ.

Предлог тип: 2-2 (2.50)

 

Порто – Санта Клара (20:15ч, осминафинале, Куп на Португалија)

Минатосезонскиот финалист повторно цели висок пласман, односно да стигне до самата цел во ова натпреварување. Трофеј секогаш е убаво да се освои, без разлика од колкава важност е. Змејовите би требало да го столчат вечерниот противник и воедно да си ја одржи дведецениската традиција без пораз од Санта Клара.

Овие две екипи беа противници и во Лига купот на Португалија, а Порто славеше со минимални 1-0. Сепак, избраниците на Консеисао вечерва би требало да бидат порасположени во голгетерска смисла бидејќи во изминатите осум меча во просек постигнуваа по три гола.

Предлог тип: 1 двојна (2.40)

 

Армани Милано – Валенсија (20:45ч, 15-то коло од Евролигата)

Милано за малку ќе направеше сензација во Мадрид, но Кралевите не дозволија такво нешто, па Манекените го нанижаа петтиот пораз во континенталниот шампионат. Валенсија, пак, демонстрираше моќ со 105 поени во шпанската пресметка против Басконија, што за Лилјаците значеше шеста овосезонска победа.

Се очекува да биде возбудлив дуел, знаејќи дека двете екипи се атрактивни, а интересно е што Валенсија досега на две гостувања во Градот на Модата славеше убедливо.

Предлог тип: >160.5 поени (1.90)

 

Басконија – Реал Мадрид (21ч, 15-то коло од Евролигата)

Басконија во два дена ќе игра уште едно шпанско дерби во европски рамки, а во „Виторија“ вечерва гостува големиот Реал Мадрид. Кралевите иако се без Серхио Љуљ, досега наредија девет победи во Евролигата, а Пабло Ласо очекува неговиот состав да се избори и за 10-тиот последователен триумф.

Басконија ќе мора да се освести по дебаклот од Валенсија, инаку уште сега може да го запишат деветтиот пораз во елитното натпреварување. Овие две екипи сезонава се сретнаа во шпанското првенство токму во салата каде што ќе играат вечерва. Реал славеше со минимални 91:89, додека во европски рамки Кралевите се без триумф во „Виторија“ од февруари 2017 година.

Предлог тип:  2 & <165,5 поени (2.65)

 

Квоти на денот во Sport Life:

Паниониос – ПАОК Т21+I & 1+II (2.15)

Порто – Санта Клара 1 & 2+пол. (2.65)

Андерлехт – Клуб Бриж Т22+ & ГГ (2.75)

- Оглас -

Најнови вести