Меси даде гол за победа од слободен удар, па сам бараше од селекторот да биде заменет (Видео)

Актуелниот светски првак, селекцијата на Аргентина, со победа од 1-0 против Еквадор, ги почна квалификациите за наредниот Мундијал кој ќе се игра во 2026 година.

На „Монументал“ во Буенос Аирес, Гаучосите победија минимално со гол од слободен удар на капитенот Лионел Меси. Со овој гол, Меси се изедначи со неговиот пријател Луис Суарес на првото место на вечната листа на стрелци во јужноамерикански квалификации за СП, а се изедначи и со Колумбиецот Хамес Родригес како играчи кои најчесто (четири пати) давале голови за победа од 1-0.

Инаку, цели 16 години се немаше случено некој фудбалер да постигне гол од слободен удар за победа од 1-0 во јужноамериканските квалификации за СП.

Во финишот на средбата, Меси поради мал замор побара од селекторот Скалони да го повлече од игра. Додека излегуваше од терен, Меси доби гласни овации од публиката на најголемиот стадион во Аргентина.

Погледнете го погодокот на Меси:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести