Меси денеска ќе ја добие казната за црвениот картон, а негов роднина исклучен за глупост (Видео)

Лионел Меси денеска ќе ја добие казната за добиениот црвен картон на супер натпреварот со Атлетик Билбао, во Барса се надеваат на минималец од два меча суспензија, но ако фаулот се процени како агресија, Меси ќе добие казна од барем четири меча и нема да игра на по две средби од првенството и купот на Шпанија.

Додека Меси чека пресуда, неговиот роднина Емануел Бјанкучи беше исклучен од меч во бразилската Серија Ц, и тоа не за направен фаул, туку поради прослава на гол. Откако даде гол за водство, Бјанкучи при прославата го соблече дресот и доби втор жолт картон, па мораше да ја напушти играта во таа 77-та минута.

https://www.youtube.com/watch?v=pURjokNVH0o&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести