Лионел Меси е на само едно полувреме до остварување на сонот и првата светска круна како лидер на оваа генерација на Аргентина, а како играше во првото полувреме против актуелниот светски првак Франција, апсолутно ја заслужи Златната божица.
Фудбалскиот волшебник погоди од пенал во 23. минута, по фаулот на Усман Дембеле над Анхел Ди Марија, што му е шестти гол на првенството.
https://twitter.com/Ziad_EJ/status/1604497674492731392?s=20&t=FclxR11P8xMfhiaFwfLK5Q
Аргентина води со 2:0 по брилијантната акција на Меси, Мекалистер, Алварес и Ди Марија во 36. минута и има само 45 минути и судиско продолжение за да издржи и да ја освои третата светска титула.
Glorious Argentina goal finished by Di Maria#ARG 2-0 #FRA pic.twitter.com/PX9qD4teEj
— FIFA World Cup 2022 (@2022_QatarWC) December 18, 2022
Меси го игра 26-от мундијалски меч што е рекорд, а стана и единствениот фудбалер што давал гол во групна фаза, во осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале на ист турнир на Светските првенства.