Меси доби „седмица“, но не на лото, туку на „Златни топки“

Лионел Меси по рекорден седми пат е освојувач на Златната топка која ја доделува „Франс фудбал“. Аргентинецот до оваа награда стигна оставајќи ги зад себе Роберт Левандовски, Жоржињо, Карим Бензема и Н’голо Канте, кои влегоа во топ 5.

Кристијано Роналдо е само шести, Мохамед Салах е седми, Кевин де Бројне осми, Килијан Мбапе деветти, а Донарума десетти.

Меси во 2021 година освои два трофеи, од кој едниот му е многу значаен. За првпат по речиси три децении Аргентина освои трофеј триумфирајќи на Копа Америка. За Меси ова беше прв трофеј во репрезентативниот дрес.

Освен со Аргентина, Меси се радуваше и на трофеј во Купот на Шпанија со Барселона. Аргентинецот во оваа година го направи и првиот трансфер во кариерата. По две децении поминати во каталонскиот гигант, Меси реши да замине во Пари Сен Жермен.

Наградата за најдобар напаѓач му припадна на Роберт Левандовски, додека најдобар млад играч е Педри од Барселона. Голман на годината е Џанлуиџи Донарума.

Меси во минатото Златната топка ја освојуваше и во 2009,2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година.

Најдобра фудбалерка за 2021 година е Алекса Путељас од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести