Меси доби уште една награда, но не го ни спомена својот сегашен клуб: Најзаслужни се Аргентина и Барселона (Фото)

Лео Меси додаде уште една награда во својата богата колекција. Тој е добитник на награда Лауреус за најдобар спортист на светот. Во свечениот говор по повод наградата тој ги спомена само Аргентина и Барселона, а сосема го изостави ПСЖ, што предизвика еуфорија кај навивачите на “каталонскиот“ клуб на социјалните мрежи.

– “Ви благодарам за наградата. Задоволство е да се биде овде помеѓу сите останати спортисти. Секогаш е убаво кога ќе добиете вакво признание, но фудбалот е екипен спорт. Го исполнив мојот најголем сон – да освојам Светско првенство со Аргентина. Тоа ме чинеше многу, но успеав пред крајот на мојата кариера. Имав доста среќни моменти со Барселона и многу тага со националниот тим, имаше многу пречки, но сето тоа само ме направи подобар.“ – изјави Меси.

На свеченоста во Париз награда доби и Роберт Левандовски за рекородот кој го урна во Бундес лигата, а моментот го искористија за да поразговараат со Меси, што само уште повеќе ги подгреа надежите на навивачите на Барселона за неговото враќање на Ноу Камп.

https://twitter.com/AlbicelesteTalk/status/1655614711805759490?s=20

- Оглас -

Најнови вести