Лионел Меси се враќа во репрезентацијата на Аргентина. „Гаучосите“ играат пријателски меч против Венецуела, а за Лео ова ќе биде прв меч во националниот тим по пауза од неколку месеци. Меси немаше играно за Аргентина уште од завршување на Светското првенство во Русија минатата година.
Како благодарност за враќањето во репрезентацијата, Fудбалската федерација на Аргентина направи специјално видео посветено на Меси. Насловот на видеото е „10 Аргентинци во 1“, што само покажува колку вреди еден од најдобрите фудбалери во историјата.
https://twitter.com/i/status/1108760182035603456