Меси е трет, Азар на второто место, но кој е играчот со најмногу мечеви во Топ 5 лигите за оваа декада?

Хосе Калјехон, напаѓачот на Наполи, е фудбалерот кој има одиграно најмногу првенствени мечеви во Топ 5 лигите во изминативе 10 години. Шпанскиот интернационалец во дресот на Наполи е од 2013 година, а претходно играше и за Реал Мадрид и Еспањол.

Вкупно во дресовите на овие три клуба, Калјехон одигра 351 првенствен мечев и е рекордер во најсилните пет лиги во Европа по бројот на настапи.

Зад Калјехон се најде Еден Азар, ѕвездата на Реал Мадрид, со 348 одиграни средби, и тоа најголем дел во дресот на Челзи, а помалку како играч на Лил.

И на оваа листа има место за Лионел Меси. Капитенот на Барселона одигра 343 натпревари за шпанскиот првак во Примера во последните 10 години. Место во Топ 5 има и за Антоан Гриезман (338 меча) и Даниел Конгре (334 меча).

 

- Оглас -

Најнови вести