Меси е карпа човек – Повторно донираше респиратори за да ѝ помогне на својата земја

Лионел Меси повторно се истакна со прекрасен гест и испрати хуманитарна помош од 50 респиратори во својот роден град Розарио, во Аргентина.

Капитенот на Барселона од почетокот на пандемијата со ковид-19 постојано помага со пари и медицинска опрема во битката со заразата која трае долго и во последно време сериозно ја погоди и Аргентина.

Имаше донација од пет милиони евра, а неколкупати помагаше и со неопходните технички помагала во справување со ковид-19.

Аргентина е сериозно погодена од пандемијата и има околу 250 илјади случаи позитивни на корона-вирусот.

Меси се подготвува за европското класико со Баерн Минхен што ќе се игра во петок, на 14 август, на „Луж“ во Лисабон. Четвртфиналниот нокаут-меч меѓу Барселона и Баерн ќе биде дерби на таа рунда во Лигата на шампионите и единствен дуел на екипи што имаат европски титули.

Ќе се игра од 21 часот, а и Барселона и Баерн имаат по пет трофеи во ЛШ, или во КЕШ, и се двете единствени екипи со шампионски круни што останаа во игра за нов пехар во конкуренција од вкупно 8 клуба.

 

- Оглас -

Најнови вести