Меси го блокирал трансферот на Рамос во Интер Мајами, ја имал поддршката од соиграчите од Барселона

Лионел Меси го блокирал трансферот на Серхио Рамос во Интер Мајами, тврди „Ел Насионал“.

Мадридскиот медиум тврди дека притив доаѓањето на Рамос во Интер Мајами, биле и Серхио Бускетс и Жорди Алба, кои играа заедно со Меси во Барселона, но и со Рамос во шпанската репрезентација.

Рамос по завршување на минатата сезона како слободен играч го напушти ПСЖ каде играше заедно со Меси, и иако имаше неколку богати понуди од Саудиска Арабија, тој одлучи да преговара со Интер Мајами.

Но, пред да биде потпишан договорот, Меси го стопирал трансферот бидејќи не може да му прости на Рамос затоа што додека играше во ПСЖ беше на страната на кланот кој го предводеше Килијан Мбапе, а не на јужноамериканскиот.

Шпанските медиуми пишуваат дека и Бускетс и Алба барале од косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, да не потпишува со Рамос бидејќи постои големо ривалство помеѓу поранешните играчи на Реал Мадрид и Барселона и не сакаат да играат заедно со поранешниот капитен на Кралевите во МЛС-лигата.

По пропаѓањето на трансферот во Интер Мајами, како нов клуб на Рамос се споменува друг тим од МЛС-лигата, ЛА галакси.

- Оглас -

Најнови вести