Меси го надмина легендарниот Пеле, а Мбапе го сруши рекордот на Аргентинецот

Пари Сен Жермен без многу проблеми со 4:1 го победи Бриж, во меч на кој по два гола постигнаа Лионел Меси и Килијан Мбапе. Токму овие два играчи и поставија нови рекорди.

Мбапе стигна до 30 погодоци во Лигата на шампиони и стана најмлад фудбалер кој ја достигнал оваа бројка со само 22 години и 352 денови, надминувајќи го досегашниот рекорд кој беше во сопственост на Меси.

Аргентинецот со двата погодоци го надмина легендарниот Пеле по бројот на постигнати голови во кариерата. Меси сега има 758 голови, а Пеле кариерата ја заврши со 757 погодоци.

Најефикасен фудбалер на сите времиња е Кристијано Роналдо со 801 голови, а пред Меси е и Јосеф Бичан кој има дадено 759 голови во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести