Барселона го одржа првиот тренинг под водство на Роналд Куман, на којшто Лионел Меси не присуствуваше, како што и самиот вети. Капитенот не се појави ниту на медицинските прегледи претходно, по што на клубот му останува да го казни за непочитување на обврските.
Со одбивањето да се појави на тренинг, може да се заклучи дека одлуката на Меси е дефинитивна да ја напушта Барса, па дури и ако тоа значи расипување на односите, односно да го стори тоа по потешкиот пат.
Останува да се види дали Меси ќе продолжи со бојкотот и нема да присуствува на тренинзите утре и задутре, кои се закажани во 9:30 наутро.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1300479680299044867