Меси и Бускетс не играат против Севилја, шанса за Боатенг да дебитира

Ернесто Валверде одлучи да ги одмори Лионел Меси и Серхио Бускетс во пресрет на првиот дуел од четврт-финалето против Севилја во Кралскиот куп. Во составот кој отпатува за Андалузија се најде Кевин-Принс Боатенг, кој вчера го официјализираше трансферот во редовите на шпанскиот првак.

Тренерот на Каталонците сака да го чува Меси да биде во врвна форма и пред сè одморен за следните предизвици во крајот на оваа сезона. Боатенг, пак, пристигна вчера, денес ѝ беше претставен на јавноста, по што веднаш се упати на тренинг со првиот тим, па засега не се знае дали веднаш ќе добие шанса да го облече дресот на Барса или ќе чека деби во некоја друга прилика.

Првиот од двата дуели против Севилја во борбата за полуфинале на шпанскиот Куп е предвиден да се одигра утре, со почеток од 21:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести