Меси и Нејмар ќе бидат во составот на ПСЖ за следниот меч

Лионел Меси и Нејмар последен пат заедно играа пред повеќе од четири години кога беа во дресот на Барселона. Сега, двајцата ги бранат боите на Пари Сен Жермен, но уште не се погодиле заедно на теренот. Меси само еднаш одигра за ПСЖ и тогаш влезе во игра на местото токму на Нејмар.

Двете најголеми ѕвезди на Светците го пропуштија вчерашниот меч против Клермонт, по одлуката на тренерот Маурисио Покетино да ги одмори. И без Меси и Нејмар, ПСЖ лесно победи со 4:0, а Покетино најави дека Аргентинецот и Бразилецот ќе бидат во составот за следниот меч и тоа против Бриж, во првото коло од групната фаза од Лигата на шампиони.

„И Меси и Нејмар се вратија во Париз во петокот вечерта, а во саботата имаа тренинг. Иако беа уморни од долгото патување, добро го одработија тренингот и немаат физички проблеми. Двајцата ќе бидат во составот за мечот в среда“, најави Покетино.

Со доведувањето на Меси во составот, ПСЖ е еден од главните фаворити за титулата во Лигата на шампиони, која никогаш ја нема освоено францускиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести