Меси ја надмина повредата, ќе игра против Мајорка

Лионел Меси ја надмина ситната повреда на квадрицепсот од десната нога и речиси сигурно ќе биде на теренот од првата минута во дуелот против Мајорка. Капитенот на Барселона имаше проблеми со мускулот и изминативе денови тренираше одвоено од екипата, но денес се приклучи на тимскиот тренинг и според фотографиите, нема никакви проблеми.

Барселона на 13 јуни ќе гостува кај Мајорка во првиот меч по продолжувањето на сезоната во Ла Лига. Каталонците се лидери во шпанското првенство со 58 бода во пресрет на 28-мото коло, два повеќе од ривалот Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести