АБА лигата недостижна за македонските клубови, МЗТ одамна не бил прегазен како денеска во Суботица

МЗТ Скопје Аеродром е убедливо поразен на гостувањето кај Спартак Суботица со 64-98 во полуфиналето на АБА 2 и со тоа заврши сонот на Металците дека може да се вратат во главната АБА лига.

Ова е еден од најтешките порази на МЗТ во последните неколку сезони, вакви дебакли клубот последен пат имаше кога се среќаваше со евролигашите Партизан и Црвена ѕвезда во АБА лигата. Во финалето на АБА 2, Спартак ќе игра против Војводина од Нови Сад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести