Меси како да не бил дел од Копа Америка, го нема ниту во идеалниот состав на турнирот

Лионел Меси остана да сонува за трофеј во репрезентативниот дрес откако Аргентина заврши на третото место на неодамна завршеното јужноамериканско првенство. Ако во минатото се случуваше Аргентина да не биде на врвот, Меси речиси редовно добивал индивидуални награди за својата игра.

Овојпат, на Копа Америка, Меси не само што не освои ниту една индивидуална награда, туку воопшто го нема во идеалниот тим на првенството. Место меѓу најдобрите во нападот имаше за Евертон од Бразил, Гереро од Перу и Џејмс Родригез од Колумбија.

Новиот првак Бразил во идеалниот тим има дури петмина фудбалери, а тоа се: Алисон, Тијаго Силва, Дани Алвес, Артур и Евертон. Од Аргентинците, место во првите 11 има само за Паредес.

 

- Оглас -

Најнови вести