Меси му го „сврте паметот“ на фудбалерот кој летово беше продаден за 140 милиони евра! (Видео)

Блескавите игри на Лионел Меси прпдолжуваат и во репрезентативниот дрес на Aргентина. Во првото коло од квалификциите за пласман на Светското првенство во 2026 година, Аргентина минимално со 1:0 го победи Еквадор, а стрелец на единствениот гол беше Меси.

Капитенот на Аргентина погоди од слободен удар во второто полувреме и тоа беше доволно за Гаучосите да ги освоијат трите бода. Овој погодок на Меси може да го видите ТУКА.

Освен голот, Меси блескаше и во останатиот дел од мечот. Посебно забележителен беше моментот кога Лео му оддржа фудбалска лекција на Мојсес Каиседо, првата ѕвезда на Еквадор. Каиседо летово направи трансфер вреден 140 милиони евра, но на теренот делуваше немоќно кога топката беше во нозете на Меси.

Едноставно кога Меси му го „сврте паметот“, каиседо немаше друга опција освен да падне на теренот. Тој потег на Меси може да го видите ТУКА.

https://twitter.com/i/status/1700036819268571640

- Оглас -

Најнови вести