Меси му нанесе голема загуба на Пари Сен Жермен

Заминувањето на Лионел Меси од Пари Сен Жермен има негативен ефект на социјалните мрежи на францускиот првак. Со претпоследното коло во француското пренство, ПСЖ на „Инстаграм“ го следеле 70,4 милиони луѓе, а сега, неполни 24 часа по завршување на француското првенство, бројот на следбеници на ПСЖ е намален за 1,5 милиони.

Утрово, бројот на следбеници на ПСЖ на „Инстаграм“ падна на 68,7 милиони и уште се намалува. Фудбалерите како што се Меси или Кристијано Роналдо имаат големо влијание на социјалните мрежи.

Ал-Наср, клубот во којшто игра Роналдо, беше прилично анонимен на социјалните мрежи, но кога Португалецот се приклучи на клубот, бројот на инстаграм-следбениците на Ал-Наср стигна до речиси 15 милиони.

- Оглас -

Најнови вести