Меси не доживеал вакво понижување во неговата кариера (ФОТО)

Првата сезона на Лионел Меси во дресот на ПСЖ мина далеку под очекувањата. Аргентинецот постигна само четири погодоци во сите натпреварувања, што е многу под неговиот просек.

За тоа колку е лоша првата сезона говори и дека Аргентинецот е ставен во листата на најлоши засилувања во француската лига.

Иако не станува збор за некоја официјална листа, јасно е дека тој целосно разочара, а истото мислење го има и специјализираниот интернет портал за вести од француската лига.

Меси и наредната сезона ќе биде дел од ПСЖ, но пред него ќе биде еден „тон“ работа, односно голови и асистенции да го подобри впечатокот.

- Оглас -

Најнови вести