Меси плаче како мало дете кога ќе загуби со Аргентина

Со рекордни шест Златни топки со освоени сите најзначајни трофеи како на клупско така и на индивидуално ниво, Лионел Меси ќе биде запамтен во историјата на фудбалот. Сепак, тоа што е „црна дамка“ во кариерата на Меси се мечевите во репрезентацијата. Меси нема освоено трофеј со Аргентина иако веќе 15 години е на врвот на светскиот фудбал.

Аргентинскиот голман Оскар Устари во периодот од 2007 до 2012 година беше повикуван како дел од националниот тим и многу добро знае што се случува во таборот на Гаучосите.

„Во изминативе 15-тина години слушнавме и прочитавме секакви работи. Не можам да разберам како во земја која ги имала Диего Марадона и Ди Стефано, која има две титули светски првак, која го сака фудбалот, може да се зборува лошо за Лионел Меси. Зар некој може да ја оспори вредноста на Меси и неговата верност кон Аргентина? Резултатите се такви какви што се, но навредите и критиките на сметка на Меси немаат врска со вистината“, вели Устари, кој вели дека токму капитенот на националниот тим најболно ги доживува сите неуспеси на Гаучосите.

„Лично сум го гледал како по некој пораз седи сам во соблекувалната и плаче како мало дете. Не може да изговори ниту еден збор. Многу е тешко на грбот да ги носиш желбите на целата нација. Не можам да сфатам колку милиони го навередуваат и омаловажуваат, а тој е фудбалски гениј. На Копа Америка 2011 година испаднавме во првата нокаут-фаза на пенали од Уругвај, а бевме домаќини. По неколку дена од таа елиминација, бев во домот на Меси и тој беше уништен. Ги има сите пари и популарност на светот, без проблеми може да рече дека ќе си се врати во Барселона и ќе освојува таму трофеи, но тој сака да се израдува и со Аргентина. Ако тој човек не стане светски првак со Аргентина, тоа ќе биде голема фудбалска неправда“, заклучува голманот Устари, кој сега брани за тимот на Пачука во Мексико.

- Оглас -

Најнови вести