Меси пред (не)возможна мисија, може ли да биде прв стрелец во МЛС-лигата сезонава?

Лионел Меси уште нема заиграно во МЛС-лигата, а во некои обложувалници во САД има опција да уплатите дека Аргентинецот ќе биде прв стрелец во лигата. Квотата е огромна, со оглед на тоа дека Меси е на нула, а лигата одамна е почната.

На Интер Мајами му остануваат уште 12 натпревари до крајот на сезоната, па на Меси ќе му треба чудо да биде прв стрелец, но можеби има и такви кои веруваат во таков подвиг на најдобриот светски фудбалер.

Во моментов прв стрелец сезонава во МЛС е Хани Мухтар од Нешвил со 13 гола, па тој е прв фаворит за Златната копачка, но ќе треба да продолжи да погодува ако сака да остане на врвот, се виде дека Меси е способен на секој меч за Мајами да дава голови.

- Оглас -

Најнови вести