Меси, Роналдо или Ван Дајк?

Лионел Меси од Барселона, Кристијано Роналдо од Јувентус или Вирџил ван Дајк од Ливерпул, еден од нив ќе биде наследникот на Лука Модриќ како најдобар светски фудбалер во изборот на ФИФА. На церемонијата во Милано, која почнува во 20.30 часот, ќе се бира и најдобра фудбалерка, тим на годината, тренер на годината, голман на годината и најубав гол.

Се бара наследникот на Лука Модриќ.

ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ОСВОИ МЕСИ:

Аргентинецот Меси ја освои шпанската лига, а стигна и до полуфиналето во Лигата на шампионите и финалето на Копа дел Реј. Со репрезентацијата освои бронзен медал на Копа Америка, но најсилниот адут на Меси во оваа трка е неговата Златна копачка. Тој беше најдобар стрелец во Европа во минатата сезона, а притоа и прв асистент во шпанската Ла Лига.

ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ОСВОИ РОНАЛДО:

Португалецот беше најдобар играч во, за него новата, италијанска Серија А, во која освои титула со Јувентус. Беше прв стрелец на Јуве во сите натпреварувања, а го освои и италијанскиот Суперкуп. На репрезентативно ниво, тој исто така имаше успех, Роналдо како прв стрелец ѝ помогна на Португалија да ја освои Лигата на нациите.

ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ОСВОИ ВАН ДАЈК:

Ван Дајк, кој со 28 години е најмлад во ова трио, врши многу голема работа за тимот, освои Лига на шампиони, а беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата. На селекцијата на Холандија ѝ помогна да дојде до финалето. Од 2006 година не се случило дефанзивец да биде фудбалер на годината, можеби сега дојде редот да се ценат и тие на коишто примарна задача им е да го заштитат голманот и голот. Сега или никогаш за Вирџил.

 

- Оглас -

Најнови вести