Меси се изедначи со Пеле, се изедначи и со Кристијано, но Барса не победи

Кога Барселона нема да победи на „Камп Ноу“, тоа е неочекуван резултат, па затоа овие 2-2 против Валенсија се изненадување за фановите на каталонскиот тим и за многу обложувачи.

Лионел Меси утна пенал, но даде гол со глава, па против Валенсија го изедначи рекордот на Пеле од Сантош по број на голови за еден клуб. Никој нема дадено повеќе од 643 гола во дресот на еден клуб, а Аргентинецот на некој од наредните мечеви сам ќе избие на првото место на вечната листа. Инаку, Меси има точно 900 гола и асистенции во дресот на Барселона.

Меси денеска се изедначи со Кристијано Роналдо по бројот на изведени пенали во шпанската лига. Меси и Португалецот шутнале по 73 пенали во Ла Лига, а Меси има утнато 13, со што е на второто место на црната листа зад Хуго Санчес кој не реализирал 15 удари од белата точка.

Прв гол за Барса даде дефанзивецот Араухо кој е Уругваец, а бод за Валенсија обезбеди еден друг Уругваец, Макси Лопес, кој во последните три сезони дал пет гола против Барселона. После Реал Мадрид, Лилјаците се втори по бројот на гостувања на „Камо Ноу“ од кои се вратиле непоразени или како победници.

- Оглас -

Најнови вести