Меси израмни еден нестварен рекорд на Пеле и тоа на драматичен начин! (Видео)

Барселона и Валенсија играат 1:1 по првото полувреме на дуелот на „Камп Ноу“ во рамките од 14. коло во Примера дивисион. Дикаби ја доведе Валенсија во водство во 29 минута, а Лионел Меси израмни во четвртата минута од судиското надополнување.

Погодокот што го даде Меси е историски затоа што аргентинскиот виртуоз израмни неколку децениски рекорд на легендарниот Пеле. За Меси ова беше 643 погодок во дресот на Барселона, колку што имал постигнато Пеле како играч на Сантош.

Меси се намачи да го даде голот со кој го стигна Пеле. Во 45 минута беше досуден пенал за Барселона, а ударот на капитенот на Барселона го одбрани голманот на Валенсија. Сепак, во продолжување на акцијата, Меси со глава сепак успеа да погоди и да израмни на 1:1.

https://streamable.com/1sdtyv

- Оглас -

Најнови вести