Меси се појави во хотел во Мадрид и предизвика воодушевување

Враќањето на Лионел Меси во редовите на националниот тим на Аргентина е потврдено откако тој денеска се појави во хотелот во Мадрид каде што престојуваат „гаучосите“ во пресрет на контролниот меч против Венецуела на 22 март.

Меси е во одлична форма и тоа ги радува Аргентинците, кои од СП во Русија наваму го немаа видено во дресот на националниот тим. Меси се враќа во репрезентацијата и тоа е одлична вест за Аргентинците кои летово ќе одат на трофеј на Копа Америка.

На 26 март, Аргентина гостува во Мароко, но за таму уште не се знае дали ќе настапи Меси, додека против Венецуела се планира да игра околу 60 минути. Меси вечерва ќе го има и првиот тренинг со сонародниците, меѓу кои е уште еден повратник, Анхел ди Марија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести