Меси со посебен говор на полувремето ги мотивирал соиграчите за да го победат Интер

Барселона со пресврт во второто полувреме го доби дербито од второт коло во Лигата на шампионите против Интер. Нераѕурите водеа со 1:0 по првите 45 минути, но Барселона со двата гола на Луис Суарес стигна до целосен пресврт.

Шпанските медиуми објавуваат дека атмосферата на полувремето кај Барселона била очајна, кога решил да прозбори Лионел Меси. Капитенот со мотивирачки говор успеал да влијае на играта на шпанскиот првак, а на крајот домаќините и да се радуваат.

„Момци, нема да полудуваме поради резултатот и да избрзуваме. Мечот не е готов. Да одиме и да ја одиграме нашата игра. Правете им притисок секогаш кога ќе ја примат топката и да успееме да ја контролираме топката во наши нозе. Тоа најдобро знаеме да го правиме и мора да го правиме. Да играме нормално и ќе победиме“, рекол Меси на полувремето од мечот со Интер.

Меси асистираше за вториот гол на Суарес, со кој Барселона стигна до победата.

 

- Оглас -

Најнови вести