Меси влезе во игра, па асистираше без да ја допре топката (видео)

Како резерва од клупата, Меси влезе во второто полувреме во дуелот против Бетис, бидејќи Барселона трага по три бода. Гостите израмнија во првиот дел, но набрзо по стартот на вторите 45 минути Каталонците одново дојдоа до резултатска предност со 2-1.

Нафрлувањето на Алба првично беше планирано за Меси, кој пак опасно ја измами одбраната на Бетис и ја пропушти топката до Гриезман, а нему му остана полесната задача да ја смести топката во голот.

- Оглас -

Најнови вести