Поранешниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам неодамна го промовираше својот нов голем проект. Тој стана сопственик на фудбалски клуб во САД. Интер Мајами ќе дебитира во МЛС првенството во САД во 2020 година, а Бекам сака до тогаш да создаде атрактивен тим.
Како една од најглавните цели му е да успее да го доведе Лионел Меси од Барселона. Аргентинскиот виртуоз целата своја кариера ја поминува во дресот на каталонскиот гигант и ќе биде навивстина тешко Бекам да ја оствари својата мисија.
Дејвид се надева дека Меси ќе го следи трендот, а тоа е големите фудбалски имиња пред крајот на својата кариера да се преселат во САД и да играат во некој од тамошните клубови. Токму Англичанецот беше прв кој тоа го направи, кога потпиша за Лос Анџелес Галакси, каде помина пет сезони. По Бекам, во МЛС заиграа и Андреа Пирло, Франк Лампард, Стивен Џерард, Давид Вилја, Златан Ибрахимовиќ…
Меси во 2020 година ќе има 33 години и прашање е дали ќе биде во истата форма како што е сега. Сепак, тој е познат како еден од најлојалните фудбалери во светот и иако досега имало многу понуди, ниту една не го натерала да си замине од „Камп Ноу“.