Меси во интервју ги откри сите детали од сагата: Никогаш не би одел на суд против клубот на мојата кариера

Лионел Меси сепак ќе остане во Барселона да ја одработи и последната година од договорот. Аргентинецот сакаше да си замине, но не доби дозвола од управата на клубот. Челниците на каталонскиот гигант побараа 700 милиони евра за раскин нa договорот, сума која никој не ја прифати.

На крајот, Меси во интервју откри зошто не решил да оди на суд и да ја бара правдата за предвремено заминување без обештетување. Главниот виновник според Меси е управата на клубот на чело со претседателот Бартомеу.

„Никогаш не би одел на суд против клубот на мојата кариера. Тука постигнав се. Како и секогаш и во последната сезона ќе се обидам да го дадам најдоброто. Ќе се борам за секоја топка на секој дел од теренот“, објасни Меси во дел од интервјуто дадено во кое откри и дека останува на Камп Ноу.

Зошто толку време молчевте околу целата ситуација?

„Прво, затоа што поразот во Лисабон од Баерн Минхен ми падна многу тешко. Знаевме дека имаме тежок противник, но не очекувавме дека така ќе заврши. Тоа даде една лоша слика за Барселона. Многу лоша слика за клубот“, започна Меси, кој потоа додаде дека цела година настојувал да им објасни на челниците на клубот дека сака да си замине.

„Многу ми е жал затоа што секогаш сум мислел дека кариерата ќе ја завршам во Барселона. Сега верувам дека моето време тука е завршено и дека е потребна свежа крв и млади фудбалери да дојдат. За мене ова беше многу тешка сезона. Испратив и официјално писмено барање дека сакам да си заминам. Воопшто не сакав да создадам хаос, едноставно сакав да си заминам“, открива Меси.

 

 

- Оглас -

Најнови вести