Лионел Меси и Килијан Мбапе две години играа заедно во ПСЖ, а сега комуницираат со изјави преку медиумите. Новиот фудбалер на Реал Мадрид неодамна изјави дека потешко е да се освои Европското првенство отколку Светското. На последниот Мундијал Франција во финалето загуби од Аргентина, па тоа беше поводот Меси да му одговори на поранешниот соиграч.
„Мбапе рече дека јужноамериканските селекции немале конкуренција од европските. Секој си го цени своето. Европското е многу важно натпреварување, но не игра трикраткиот светски шампион Аргентина. Не игра ниту Бразил со пет светски титули, ниту Уругвај со две. Премногу светски шампиони не играат на Европското првенство за да може да кажеме дека тоа е најтешкото натпреварување. На Светското првенство играат најдобрите селекции и светските шампиони се тука. Затоа сите сакаат да бидат светски шампион“, рече Лионел Меси.
Сепак, доколку Франција, а не Аргентина, успееше да го освои Светското првенство во Катар, веројатно Килијан Мбапе немаше да има такво мислење.