Меси заврши со европскиот фудбал: Сонував да се пезионирам во Барселона,но…

Лионел Меси кој пред пет дена по осми пат ја освои Златната топка, во интервју за магазинот „Лекип“ откри дека нема да се врати во Европа.

Тој откри дека летово најголема желба му била да се врати во Барселона и да се пензионира како играч на тимот во кој помина дури 20 години, но…

„Мојата прва идеја и желба отсекогаш била да се вратам во својот дом и да играм за Барселона и таму да се пензионирам. Но, такво нешто не беше можно, се случи случна ситуација како 2021 година кога си заминав од Барселона, па заедно со семејството одлучивме да се преселиме во Мајами. Имав голем број на понуди од Европа и Саудиска Арабија, но сакав да се преселам во Мајами каде сме среќни и се чувствуваме одлично“, вели Меси.

Аргентинецот откри дека дефинитивно ја затворил вратата на европскиот фудбал.
„Завршив со Европа. Имав неверојатна кариера и освоив сè за што сонував. Одлучив да се преселиме во САД и не верувам дека ќе се вратам во европскиот фудбал. Нормално дека ми недостасуваат Лигата на шампионите и Ла Лига бидејќи тие мечеви беа специјални за мене“, додава Меси.

- Оглас -

Најнови вести