Металург го победи комбинираниот состав на Вардар

Металург го победи комбинираниот состав на Вардар во последниот меч за двете екипи во домашното првенство. Металурзите во ревијален меч славеа со 32:29 и го потврдија третото место зад шампионот Вардар и Еурофарм Работник.

Вардар играше со подмладок, засилен со неколку играчи кои се стандардни во првиот состав, а поразот не боли, бидејќи титулата оддамна е освоена.

Металург предводен од Шилегов со 8 гола и Матијашиќ кој постигна 7 имаше и предност од 7 голови разлика, но вардарци во финишот намалија на три гола, за пораз од 32:29.

- Оглас -

Најнови вести