Мхитарјан: „Ќе се пензионирам во Интер, Саудиска Арабија не ме интересира“

Легендарниот ерменски фудбалер Хенрих Мхитарјан најави дека следното лето ќе се пензионира од играње фудбал, а тоа ќе го направи во дресот на Интер. Се појавија шпекулации дека тој може да заигра за некој ерменски клуб или да се пресели во Саудиска Арабија, но самиот фудбалер го демантираше ова и најави дека останува во Интер до крајот на договорот, а потоа заминува во пензија.

„Не сакам да се повлечам од фудбалот, а потоа да жалам дека сум го направил тоа премногу рано. По Интер ќе ја завршам кариерата. Не сакам да го намалам своето ниво. Нема да се вратам во Ерменија. Земји како Саудиска Арабија исто така не ме интересираат. Со сета почит, го сакам фудбалот поради самата игра, а не поради парите. Секое утро се будам со желба да тренирам и да покажам што можам“, вели Мхитарјан.

Ерменецот во својата кариера настапуваше за Пјуник, Сао Паоло, Металург Донецк, Шахтар Донецк, Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед, Арсенал и Рома.

- Оглас -

Најнови вести