Миха се гордее со борбената Болоња: Сензационален пресврт над Бреша

Болоња ги украде трите бода кои беа наменети за Бреша со сензационален пресврт од 4-3 во мечот од третото коло во Серија А. Борбениот дух на тренерот Синиша Михајловиќ, кој води животна битка со леукемија, може да се гордее на своите фудбалери за тешко изборената победа на гостувањето на „Марио Ригамонти“ стадионот.

Бреша за помалку од 20 минути преку Донарума дојде до двоја предност, а Цистана стрелаше за 3-1 пред истекот на првото полувреме, во моменти кога гостите мислеа дека се вратија во игра. Само три минути по стартот на вториот дел, Бреша остана со играч помалку по вториот жолт картон кој го заработи Десена, а тоа беше шанса да Болоња да приреди изненадување.

Паласио и Поли до 6о-тата минута израмнија на 3-3, а Орсолини на десетина минути пред крајот ја запечати судбината на домаќините.

Калјари славеше со 3-1 на гостувањето кај Парма, додека Спал во финишот од мечот против Лацио дојде до три бода со победата од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести